Search
недела 20 октомври 2019
  • :
  • :

Верушевски открива: Висок функционер на СДСМ ги кодошел симпатизерите на партијата во МВР преку Илија Димовски и Гордана Јанкуловска

При сведочењето во судот на процесот за Тврдина-Таргет актуелниот безбедносен советник на премиерот истакна дека преку бомбите откриле како се одвивало политичкото надмудрување меѓу власта и опозицијата за да се дознаат информации за политичкиот противник. За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Верушевски тврди дека имало пробив и истекување на информации од СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ за партиските симпатизери на тогашната опозиција кои работеле во МВР.

-Во ваквото надмудрување се сеќавам на еден пример кога Илија Димовски имаше голем успех и ги обезбеди документите за симпатизери на СДСМ во МВР. Тие информации Димовски ги предал на тогашната министерка Гордана Јанкуловска (и таа беше присутна на рочиштето како обвинета). Во истрагата наша откривме дека висок партиски функционер на СДСМ ги предал тие информации, рече Верушевски, кој е сведок на обвинителството.

Кога обвинителката Ленче Ристовска му укажа дека прашањето се однесува на тоа дали има сознанија дека некој изнесувал материјали од СДСМ, Верушевски одговори па да со овој пример се гледа, а тоа „ако сте ги слушале материјалите, се слуша и таму“.

Верушевски првин во завиена форма, но потоа и директно го обвини екс премиерот Никола Груевски дека е организатор на нелегалното прислушување и дека со себе има однесено многу повеќе материјали отколку има во СЈО. Колку однел ќе се покажело со вештачењето на обвинителството во процесот. За истото ги обвини и другите бегалци, Горан Грујовски и Никола Бошкоски.

По излегувањето, Јанкуловска на прашањето дали е задоволна од исказот на Верушевски (кој ги обвинуваше само оние што избегале, а за обвинетите во судница рече дека „ја плаќаат цената“ за идеите на концептот на Груевски), поранешната министерка рече дека Верушевски не е сведок во нејзиниот дел од обвинениетто.

loading...