Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Вардар ќе ги бара назад Милосављев и Карачиќ!

Вардар по вторпат во клупската историја ја освои титулата во Лигата на шампионите, откако во финалето славеше над унгарскиот Веспрем со 27-24. Сепак тој натпревар беше последен во Вардар за најмалку шестмина ракометари од актуелниот ростер. Или барем требаше да биде така.

Игор Карачиќ има потпишано договор со Келце, Дејан Милосављев треба четири години да го брани голот на Фуксе Берлин, додека Рожерио Мораес заминува во Веспрем на три сезони. Заминуваат и Дмитри Кисељов, Глеб Калараш и Јања Војводиќ.

На денешниот прием во Владата на Република Македонија, почесниот претседател на Вардар, Михајло Михајловски најави дека ќе се обидат да вратат дел од играчите што имаат договори со другите клубови.

„Секој што поптишал за друг клуб, а што сака да остане ќе се разговара со него и новиот клуб. Нема договор што не може да се раскине“, најавил Михајловски на приемот во Владата.

Најмногу притисок од навивачите има за останување на Карачиќ и Милосављев, кои нема сомнеж дека би сакале да продолжат да го носат „црвено-црниот“ тим.

Сега сигурно ќе се потсетите на случајот со Дарко Станиќ, кој во времето кога бранеше за Металург, имаше потпишано договор со Гепинген, но Србинот по одличната сезона и настапите во ЛШ посака да остане во Автокоманда. Германците не сакаа играч што не сака да брани за нив, клубовите се договорија, Гепинген го доби за возврат Жарко Марковиќ, а Станиќ ја продолжи авантурата во Скопје.

loading...