Search
сабота 25 јануари 2020
  • :
  • :

Утре во „Рекет“ повикан уште еден сведок, сметководителката на Камчеви

Утре на судењето за случајот „Рекет“, освен сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева како сведок на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е повикано да сведочи уште едно лице.

Како што дознава Фокус, станува збор за сметководителката во фирмите на Камчеви. Сопругата на Камчев која му ја дала првата сума пари на првообвинетиот Бојан Јовановски требаше да сведочи во петокот, заедно со нејзиниот сопруг, но не дојде бидејќи имала температура.

Утре таа пред судот треба да ја каже својата верзија, а според тврдењата на Камчев првата транша пари, од околу 150.000 евра, Боки 13 ја изнудил токму од нејзе додека Камчев бил во притвор. Во петокот неколку часа пред судот сведочеше Камчев кој освен што е клучен сведок во „Рекет“ е првоосомничен во истрагата за „Имеприја“.

Тој тврдеше дека оваа истрага е конструирана за да му биде изнуден рекет. Обвинети во„Рекет“ се поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и нејзиниот пријател, Боки 13. Третообвинетиот Зоран Милески – Кичеец пак призна вина и беше осуден на три години затвор.

loading...