Search
петок 6 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

УСТАВНИОТ СУД ИМАЛ УГЛЕД? МА ДАЈ НЕ НЕ ЗАЕБАВАЈТЕ

До Уставните судии:
1. За да може да го омаловажиш угледот на одредена институација таа треба да има некаков углед. Уставниот суд поодамна расчистил со сопствениот углед. Занчи нема неосновано повредување на угледот на судот бидејки воопшто и не постои никаков углед на судот.
2. Авторитетот на судиите не им е од Бога даден, туку е поврзан со нивната претходна и сегашна работа, со нивниот личен кредибилитет и со интелектуалните капацитети кои ги покажале.
3. Критиката на една институција заради прекршување на правото, на законите и на Уставот е право на секој граѓанин и уставниот судија кој не го знае ова воопшто и не треба да биде на местотот кое го држи.
4. Одлуките на судот се извршни и конечни само доколку се донесени од страна на судии. Во моментов јас немам впечаток дека луѓето кои седат во уставниот суд и кои се претставуваат како судии, навистина се тоа за што се претставуваат.
5. Во јавноста беа изнсене поголем број правни мислења, правни анализи, правни аргументи. Тоа што луѓето кои седат во Уставниот суд не ги препознаваат само зборува за тоа дека тие не знаат што е право, а што неправо.
6. Доколку луѓето кои седат во Уставниот суд и се претставуваат како судии навистина сакаа да ги судрат правните аргументи со експертската јавност ќе направеа јавна расправа, а немаше своето незнаење да го кријат зад судските одори.

Како што во повеќе наврати реков: институциите вредат толку колку што вредат луѓето во нив. Уставниот суд не вреди за ништо.

Уставен суд: Обидите за омаловажување на Уставниот суд, неговиот углед и угледот на судиите не се во интерес на владеењето на правото.

Милески: Углед? Вие? Дајте барем не бидете смешни. А ние другите утринава не пиевме кафе туку нафта! Вие немате ни трунка углед! Да имавте, ќе го укиневте и противуставниот закон за јазици со претходно решение за блокирање на какво било дејствие по него и комплетно ќе го укиневте преспанскиот договор! Бруки! Не си ја работите ни работата која што ви е дадена. Вие сте единствена институција што работи без закон, туку како вие ќе си посакате и затоа сите ве сметаат за несериозни.

Уставен суд: Обидите за омаловажување не се во интерес на владеењето на правото

Обидите за омаловажување на Уставниот суд, неговиот углед и угледот на судиите, со прејудицирања на судските одлуки, со политички, а не со правни аргументи, не е во интерес на напорите за изградба на владеење на правото и правната држава, велат во денешното соопштение од Уставниот суд.

– На 27.10.2019 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија, по поднесената иницијатива за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување, Судот расправаше и донесе Решение за поведување на постапка за оспорениот член од Законот. Постапката по предметот е во тек, се наведува во соопштението.

Уставниот суд, какошто посочуваат оттаму, со внимание ги следеше написите, коментарите, изјавите на претставници на одредени државни органи, дел од медиумите и поедини експерти во кои беа изнесени невистини, обиди за прејудицирање на одлуките на Уставниот суд и невистинито информирање за исходот на гласањето, но и необјективни и нестручни коментари.

Судот смета дека со коментарите и прејудицирањата, се врши директен упад и притисок за нормално функционирање на Судот и неосновано се повредува угледот на Судот и честа и личноста на уставните судии.

– Темелни вредности на нашиот уставно-правен поредок, покрај другите, се владеењето на правото и поделбата на власта. За Уставниот суд е неприфатливо некој да се меша или да влијае во неговата работа и одлучувањето. Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, се наведува во соопштението од Уставниот суд.

loading...