Search
петок 14 декември 2018
  • :
  • :

УШТЕ ЕДНАШ ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗЕЛЕНА ОАЗА СПРОТИ „ХОЛИДЕЈ ИН“

loading...

фб статус на Бранко Героски

Значи, ајде вака, убаво да се разбереме. Иницијативата на „Слободен печат“ на просторот спроти „Холидеј Ин“ да се подигне парк никогаш не беше насочена против инвеститорот, ниту против неговото законско право да гради на парцела што ја купил во легална процедура, предвидена за градба, каде што има вцртани маркици, ГУП, ДУП… Јас лично и медиумите што ги раководам секогаш го поддржуваат реалниот сектор во економијата, бизнисот, луѓето кои треба нешто реално да сработат и да заработат и за себе и за чиновништвото и за целата наша „надградба“. Од почетокот нагласувавме дека она што може да се стори во случајов е да се бориме и да се избориме за јавниот интерес, кој мора(ло) да се почитува при донесувањето и на Гегенралниот урбанистички план и на Деталниот урбанистички план. И тука сите се согласивме дека јавен интерес е Скопје е да добие повеќе зеленило, парк, градини… Од причини кои се познати. Затоа и ние од Редакцијата на „Скободен печат“ ја покренавме иницијативата за ова прашање и затоа и јас, во нејзино име, побарав поддршка од сите вас. Не за себе, бидејќи јас немам никаков личен интерес посилен од интересот на секој од вас – да имаме малку повеќе зеленило и почист воздух. Во тоа свосјтво и со таква намера разговарав и со инвеститорот, кој ме повика да ми ги раскаже своите планови. Сега, крајно е нефер да не се направи разлика меѓу она за што разговаравме до вчера и она за што разговараме сега и ќе разговараме од утре. Имено, до вчера велевме дека на ова место, според маркиците, ќе се градат буквално бетонски чудовишта. Кули од по 60 ката и нагоре. Денес разговараме за една кула од 30 ката, за неколку помали згради, за галерија покриена со парк, за подземен паркинг за повеќе од 1.000 возила, за нов модерен кеј, за фонтана и накусо, за простор уреден како нов градски центар, со многу, навистина многу зеленило. Ако не умееме да ја препознаеме таа разлика и од тука да почнеме една многу попродуктивна дебата, тогаш тоа е наш проблем. Така само ќе ги покажеме нашата злоба, нашето сеирџиство и нашата незаинтересираност и неспремност да поведеме сериозна и продуктивна граѓанска акција. Ве потсетувам уште еднаш, такви бевме кога Грујо го покажа она фамозно видео како ќе изгледа „Скопје 2014“, а ние се вџашивме и потоа со години млатевме празна слама, без никој да се сети и да се амбицира да понуди алтернатива. Да рече, на пример, не Триумфална капија, туку ова. Не Музеј на ВМРО, туку ова. Никој! Не паметам ниту една идеја, ниту еден цртеж, ништо! Ние млатевме празна слама, зборувавме за корупција, за криминал, за ова или за она (и да, сето тоа го имаше), но обејктите никнаа, а никој не ни покажа да видиме како може да изгледа едно друго, модерно, убаво Скопје. Е затоа ја изгубивме битката со „барокот“ од стиропор. Сега, во случајов, можеме да постапиме на два начина. Првиот начин е да речеме – ма кој го ебе, ова е манипулација, ништо не може да се стори, џабе правиме муабет, Героски лаже и темата, едноставмо, да се напишти. Или, евентуално, да се пренасочи кон прашањето што го интересира најпознатиот медиусмки рекетар во Македонија – како „маестрално“ јас сум успеал инвеститорот „да ми учини“, за јас да му „учинам“. Па ете, кажете му дека сум ќарил еден кат од кулата „Кензо Танге“! Но, дебата од ваков вид, жалам, јас немам намера да водам. Моите мотиви се кристално јасни и немам ниту потреба, а ниту обврска кон кого било, дополнително да се објаснувам. Наместо тоа, најсериозно предлагам да се поставиме активистички и од позицијата на граѓани да се обидеме токму во овој важен момент, кога се дебатира и за ДУП и за самиот идеен проект, а инвеститорот ветува отвореност и сѐ друго што ветува, со креативни предлози, со идеи, да се избориме за јавниот интерес. Ако на таа линија се судриме, се разбира, ќе ги извадиме „топовите“… Јас продолжувам како што знам, на начинот што мислам дека може да нѐ доведе до целта. А вие, како сакате…

loading...