Search
среда 17 јули 2019
  • :
  • :

Урсула фон дер Лејен порача дека Северна Македонија треба да се стрпи со процедурите години и години се пред вас

Урсула фон дер Лајен како предложен кандидат за претседател на Европската комисија, претставувајќи ги своите идеи во обраќањето пред новоформираниот Европски парламент во делот на проширувањето ја нагласила ситуацијата со Северна Македонија.

Таа наведе дека го цени евроинтегративниот пат на Северна Македонија, но и дека треба да се почитуваат процедурите и правилата, алудирајќи на тоа дека земјата треба да почека сигнал од Бундестагот на есен.

Ги повика владите на земјите-членки на ЕУ да остават отворен пат за членството на земјите од Западен Балкан во Унијата, бидејќи тоа е од меѓусебен интерес и дека таа ситуација треба да се свати сериозно.

Од другите идеи, нагласи дека планира полово избалансиран комитет со сооднос 50-50 мажи и жени, воведување на „Зелена банка“, „Армија на Европејци“, воведување на уште 10.000 чувари на границите и разграничување на третманот на емигрантите на легални и нелегални. Зборуваше за односите со САД, Русија, за сајбер-безбедноста и за владеењето на правото во Унгарија

Актуелната министерка за одбрана на Германија е предложена за нова претседателка на ЕК, за што ќе се одлучува следната недела од страна на пратениците во Европскиот парламент.

loading...