Search
понеделник 21 јануари 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Урко доби награда од град Скопје

loading...

Дејан Митровски – Урко ја доби наградата 13-ти Ноември за особени заслуги во развојот и унапредувањето на спортот во град Скопје.

Митровски, кој долги години беше шеф на обезбедувањето на екс премиерот Никола Груевски ја доби наградата како тренер по кик бокс. Покрај него, на листата на наградени се наоѓаат најзаслужните спортисти, тренери, екипи и спортски работници, односно наградата за спортист ја доби кик боксерот Бобан Илиоски, спортски судија – Зоран Поповски, машката ракометна екипа на Вардар, спортските работници Никола Тасев, Перица Крстевски и Гордана Николовска, награда за спортски новинар за новинарот на Нова Македонија, Ласте Димитриевски, најуспешен професор по физичко и здраствено образование за Мартин Мартиновски, награда за животно дело за Кочо Димитровски, Борче Брсаковски и Венцислав Недев, и посебно признание за директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Наградата 13-ти Ноември ја доделува Сојузот на спортови на Скопје.

loading...