Search
петок 20 септември 2019
  • :
  • :

УМРЕЛ СРЕДЕ СЕКС НА СЛУЖБЕН ПАТ, СЕГА ФИРМАТА ПЛАЌА ОТШТЕТА ЗА НЕВЕРСТВО

Француска железничка компанија ќе исплати отштета на семејството на свој вработен, Хавиер Х., кој починал од инфаркт додека имал секс со непозната жена за време на службено патување. Апелацискиот суд во Париз донесе одлука, според која, смртта на вработениот е несреќа на работното место и неговото семејство има право на обесштетување, пренесе „Би-би-си“.

Од компанијата каде што работел не сакаат да ја исплатат отштетата, велејќи дека кога умрел, мажот не исполнувал професионални обврски. Меѓутоа, според француското законодавство, работодавачот е одговорен за секој инцидент што се случил за време на службеното патување. Компанијата смета дека неговата постапка е „вонбрачна врска со непозната“, па затоа не сака да плати за неговото неверство.

Меѓутоа, осигурителната компанија не се согласува со фирмата и вели дека сексуалната активност е нешто нормално како, на пример, капењето или јадењето. Со својата одлука Парискиот апелациски суд го потврди тоа дека секој вработен за време на службено патување има право на социјална заштита „за цело време на неговата задача“ независно од околностите.

loading...