Search
понеделник 24 јуни 2019
  • :
  • :

Убиство го згрози светот: Светлана си ја уби ќерката за да му се одмазди на поранешниот сопруг, глуперда невидена

Светлана Лаурел ја убила својата 14-годишна ќерка Натали како одмазда за поранешниот сопруг во градот Рентон во американската држава Вашингтон.

Лаурел се појавила во домот на поранешниот сопруг, во која ја пуштил нејзиниот 13-годишен син кој во тој момент бил сам.

Таа го однела момчето во соба каде го врзала и му ставила чорапа во уста. Му се заканила со пиштол да не вреска, а цело време му велела дека неговиот татко ѝ го уништил животот.

Кога Натали и нејзиниот татко се вратиле дома, Светлана со тизер го онеспособила, а потоа го врзала поранешниот сопруг. Го извадила пиштолот и му рекла дека ќе пука во него, бидејќи ѝ го уништил ивотот. Натали наводно отишла на спрат во својата соба и повикала полиција.

Тогаш мајката дотрчала и пукала во неа. Операторот на 911 можел само да го слушне хоророт. Во меѓувреме момчето успеало да се одврзе и да се качи на катот, каде затекнал ужасна сцена. Полицијата набрзо пристигнасла и ја уапсила Лаурел.

loading...