Search
понеделник 22 јули 2019
  • :
  • :

УАПСЕН ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО ЈАХИ ЈАХИЈА ЗА ЗЕМАЊЕ ПРОВИЗИЈА ОД ТЕНДЕ

УАПСЕН ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО ЈАХИ ЈАХИЈА ЗА ЗЕМАЊЕ ПРОВИЗИЈА ОД ТЕНДЕР

По налог на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, утринава е уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија од Куманово, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања и за земање провизија од добиен тендер.

Функционерот е кадар на ДУИ. Во моментов, секторот за организиран криминал и корупција од МВР врши претрес во просториите на МИОА, јавуваат вработени од министерството, од ДИК и од другите министерства што се во објектот.

 

Foto

 

Според очевидци од соседството на Јахија, тој бил уапсен рано утринава и полицијата се задржала во неговиот дом, вршејќи претрес првин таму.

Според неофицијални информации на САКАМДАКАЖАМ.МК, се работи за мито од десетици илјади евра, што Јахија го зел во 2014-2015 година.

Неофицијално, за овој висок функционер обвинителството ќе бара притвор.

loading...