Search
петок 6 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Црквата има нов бизнис: Немаме проблем со марихуана што се користи во медицински цели

Црквата има нов бизнис: „Немаме проблем со марихуана што се користи во медицински цели“

Англиканската црква направи голем исчекор во своите ставови и го смени ставот кон марихуаната, со што одлучи да започне свој сопствен бизнис на одгледување и производство на тоа растение.

Црквата има инвестициски буџет од 12,6 милијарди фунти, што е нешто помалку од 15 милијарди евра и ќе ја ограничи својата инвестиција само на медицинска марихуана.

Инвестирањето во производство, дистрибуција и продажба на рекреативна марихуана, или „трева“ за црквата на Англија, останува табу тема. По тој повод, црквата даде изјава:

„За нас постои разлика помеѓу медицинската и рекреативната марихуана. Немаме проблем со марихуаната што се користи во медицински цели“, рече главниот директор за инвестиции во Англиканската црква, Едвард Мејсон.

Во Велика Британија, канабисот е овластен за медицинска употреба од октомври минатата година и пациентите може да го добијат со рецепт.

Во некои земји во светот, канабисот се препишува на пациенти кои страдаат од сериозни болести како што се рак, СИДА, мултиплекс склероза, повреди на ‘рбетниот мозок и епилепсија.

За прв пат, лекарите во Велика Британија имаат можност да препишат производи што содржат канабис на пациенти кои страдаат од силна болка.

loading...