Search
недела 20 октомври 2019
  • :
  • :

„Таргет и Тврдина“: Мијалков ќе го испрашува Верушевски за нелегалното прислушување

Зоран Верушевски, поранешниот разузнавач и актуелен советник за безбедност на премеирот Зоран Заев, денеска во Кривичниот суд треба да го продолжи своето сведочење за случајот „Таргет и Тврдина“, односно за масовното нелегално прислушување во УБК.

На минатото рочиште Верушевски одговараше на прашања на обвинителството, а сега вкрстено треба да го испрашува одбраната, односно обвинетите и нивините адвокати.

На минатото рочиште Верушевски предизвика шок во судница, бидејќи постојано се оградуваше од неговата директна улога во откривањето на аферата, повикувајќи се на партијата.

-Кон крајот на 2010 година се првите информации кои сум ги добил поврзани со овој случај. Во тој период бев одговорен за безбедносната политика на СДСМ и информациите од ваков карактер беа обврска за анализа. Се правеа тактички анализи. Ги користеше лидерството за своите стратешки одлуки и политики, рече сведокот Верушевски.

На повеќето прашања на обвинителот Артан Ајро свдокот одговараше дипломатски, а прислушуваните материјали ниту еднаш не ги нарече „бомби“ туку документација.

Верушевски не одговори ниту директно дали Ѓорѓи Лазаревски нему му ги предавал бомбите, а потоа тој во партијата.

-Не обезбедив јас било какви разговори на лична основа. Сето тоа што се случуваше во СДСМ беше обврска да го анализирам. Не бил мој интерес, ниту приватен, ниту на памет ми паѓаше такво нешто. Информациите не завршуваа кај името и презимето мое, туку во партијата, рече сведокот.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Биле прислушувани над 20 илјади граѓани.

Меѓу обвинетите за овој случај е екс директорот на УБК Сашо Мијалков, како и неколку вработени во веќе згаснатата УБК.

loading...