Search
среда 8 април 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Тачи: Тито во 1945 година ги ликвидираше „патриотските елементи на Косово”

Македонија

Заболени
599
Мртви
26
Излечени
30
Активни
543
Last updated: 08/04/2020 - 08:40 (+02:00)

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека југословенскиот лидер Јосип Броз Тито пред 75 години, веднаш по завршувањето на Втората светска војна, донел одлука за воведување воена администрација на Косово и со тоа, како што тврди, ги ликвидирал патриотските елементи на Косово.

Според тој, како што вели Тачи, еден од „најголемите антиалбански документи”, југословенската политика преку српски и други експоненти го ликвидирала патриотскиот елемент во Косово и ги погодила најсилните столбови на албанските семејства во сите региони.

„Овие злосторства и овој геноцид се извршени наводно во антифашистички дух, што всушност резултираше со состанокот во Призрен на 10 јули 1945 година, каде што Косово беше насилно припоено кон Југославија“, објави Тачи на Фејсбук.

Најостра реакција на „овој српски терор” било востанието на командантот Шабан Полужа, кое е задушено, наведе Тачи, пренесува Танјуг.

loading...