Топ3

Струмичани ќе ја предводат Македонија на ЕП во одбојка во Љубљана, дури девет струмичани ќе го носат националниот дрес

Македонија

Заболени
11,554
Мртви
519
Излечени
7,607
Активни
3,428
Last updated: 08/08/2020 - 05:56 (+02:00)

Струмичани ќе ја предводат Македонија на ЕП во одбојка во Љубљана, дури девет струмичани ќе го носат националниот дрес

Македонската одбојкарска селекција го развиори македонското знаме во Љубљана, каде ќе настапи во групата Ц од Европското првенство во одбојка. Дури деветмина од Струмица ќе го носат националниот дрес со што испишуваат историја во македонската одбојка, која со години се обидуваше да биде дел од еден континентален собир. Браќата Никола и Ѓорѓи Ѓоргиеви, Владо Милев, Александар Љафтов, Васе Михаилов, Ристо Николов, Филип Маџунков, Славе Наков и Стојанче Илиев се момците кои потекнуваат од струмичката одбојкарска школа и денеска против Финска ќе треба да ја почнат европската одисеја – пишува порталот www.drnka.mk.

„Одиме на победа. Ќе биде тешко, но нема да се предадеме. Финците не се ништо посебно, но ќе одиграме борбено за да дебитираме со победа. Во групата очекувам 2-3 победи за да ја видиме Франција и да испишаме нова историја“ – вели капитенот и коректор, Никола Ѓоргиев.

Учеството на едно Европско првенство е вистински начин за афирмација и популаризација, особено ако Македонија направи успех. Засега, тоа се преведува со пласман во осминафиналето преку нашата група, во која се уште и Финска, Турција, Русија, Белорусија и Словенија, за што ќе ни треба освојување, барем, на четвртото место. Почнуваме денеска од 17:30 часот, против Финска.

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker