Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Стотина македонски туристи заглавија на аеродром, авионот кој требало да ги пренесе до Хургада не пристигнал

Стотина македонски туристи неколку часа се заглавени на скопскиот аеродром. Тие преку неколку туристички агенции уплатиле аранжман за Египет, но како што велат, авионот за оваа дестинација не стигнал, пренесува „ТВ24“.

Според патниците, агенциите ги информирале дека имало технички проблем со авионот и чекале да стигне нов. Летот требало да биде реализиран еден час по полноќ, а според последната информација, тие треба да полетаат во 10.40 утринава.

-Требаше ноќта да полетаме во два и пол, па во 05.00, па во 07.00, а сега во 10.40. Зглавени сме и чекаме. Тука има 150 луѓе сигурно, сите се заглавени и во очекување, нема никој да се појави. Нема авион, треба да дојде некој од Анталија. Еден ден веќе изгубивме од одморот – вели еден од патниците, кои се се уште на скопскиот аеродром.

ХАОС НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Над 200 патници кои требаше да летнат за Хургада, Египет чекаат 12 часа но сеуште ни трага ни глас од авионот кој е чартер лет организиран од агенциите Магелан, Атлантис, Сава и Атлас Корпорејшн!

Според патниците, агенциите ги информирале дека имало технички проблем со авионот и чекале да стигне нов. Летот требало да биде реализиран еден час по полноќ, а според последната информација, тие треба да полетаат во 10, 40 утринава.

 Се работи за чартер лет заеднички организиран од агенциите Магелан, Атлантис, Атлас Корпорејшн и Сава.
loading...