Search
понеделник 17 јуни 2019
  • :
  • :

Стојанче се залетал со главата кон парното, при што му нанел повреди во пределот на цевката

„Почитувани, минатата недела додека јас бев во Гевгелија на 30 годишнина од матура, во 21 часот ми се јави премиерот Заев, од заеднички состанок со министерката Дескоска, и ми рече дека итно им требал некој документ од случајот “Империја“. Документот, како што објасни, им бил многу битен за евро-атланските интеграции на државата. Јас му кажав дека сум на матура, вечерата само што требаше да биде послужена, и оти сум на “хроно“ морам да јадам во точно време и затоа не можам да тргнам за Скопје“.

Денеска СЈО на прес конференција објасни како се случила поплавата во подрумските простории, при што се уништени дел од доказите во случајот “Империја“, во кои осомничени се Сашо Мијалков и орце Камчев. Исцрпното објаснување на Катица Јанева за јавноста, ви го пренесуваме во целост:

“Почитувани, минатата недела додека јас бев во Гевгелија на 30 годишнина од матура, во 21 часот ми се јави премиерот Заев, од заеднички состанок со министерката Дескоска, и ми рече дека итно им требал некој документ од случајот “Империја“. Документот, како што објасни, им бил многу битен за евро-атланските интеграции на државата. Јас му кажав дека сум на матура, вечерата само што требаше да биде послужена, и оти сум на “хроно“ морам да јадам во точно време и затоа не можам да тргнам за Скопје. Но, предложив, бидејќи СЈО е независна институција, да прати во СЈО некој независен човек, кој може да појде, таму ќе го чека Фатиме, па да свршат работа. Премиерот Заев без двоумење рече дека генералот Стојанче Ангелов му е најнезависен, па него го пратил до СЈО, при што Фатиме му отворила и го упатила во подрумските простории. Во подрумот Фатиме му рекла, цитирам, “сега прави што ти душа сака“ и овој понесен од таквата понуда, го направил тоа што го сака, односно се залетал со главата кон парното, при што му нанел повреди во пределот на цевката.И така, цевката пукнала, Фатиме се уплашила, дел од доказите се поплавиле, а Стојанче со хематом на главата, херојски се вратил кај премиерот“!

Премиерот Заев има голема доверба во генерал Стојанче Ангелов, па него го пратил до СЈО. Но, слабоста на Стојанче е во главата и тој не може да одолее да гледа тврди нескршени предмети. Во такви околности тој се залетал со главата кон парното, при што му нанел повреди во пределот на цевката, која пукнала и го поплавила СЈО.
loading...