Search
петок 20 септември 2019
  • :
  • :

Српски „Курир“: Груевски финансирал албански терористи

Српски „Курир“ објави документ од Викиликс според кој поранешниот македонски премиер Никола Груевски во 2007 година постигнал скандалозен договор со водачот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети. Имено Во 2007 година (една година пред предвремените парламентарни избори што ги закажа Груевски), Груевски му ветил на Али Ахмети дека доколку влезе во коалиција со него, ќе предложи во Собранието закон за обезбедување социјална помош за припадниците на ОНА кои учествуваа во немирите во 2001 година во Македонија. Негов бил и предлогот за законот за двојазичност (албански јазик низ цела Македонија). Ова е официјалниот документ на Викиликс, кој открива дека Груевски рекол дека ќе го стори тоа, но по цена македонскитнарод дане го дозне тоа.

„Груевски изрази подготвеност од страна на Владата која ја предводи да обезбеди„ работа и пари “на луѓето кои ќе бидат предложени од партијата ДУИ“, се вели во документот, заедно со усвојувањето на законот за двојазичност. Понатаму, се наведува дека македонската Влада ќе негира какво било учество во овој договор.

loading...