Search
среда 19 февруари 2020
  • :
  • :

Спијте мирно, полицијата легитимира (ФОТО)

„Пајак служба нема милост, не паркирај тука и заштеди 3.000 денари“, стои на таблава во центарот на Скопје, под која попладнево херојски беше паркирано сино полициско комби.

„Полиција може да паркира каде што сака!“, непоколебливо ни рекоа двајцата храбри полицајци што јуначки наидоа додека ја фотографиравме оваа иронична глетка, откако им објаснивме зошто ни фати око комбинацијата „не паркирај + паркирано полициско возило“.

Одважно нè легитимираа учтиво обраќајќи ни се со „ти“ и бестрашно се јавија во станица за да проверат да не има потерница по нас (прв знак за сериски убиец е да ти фотографира по град), па со мало пенкалце смело ни ги запишаа податоците во мало тефтерче и заминаа храбро да бркаат други слични престапници. Велат, исто вака храбро ги легитимираат и оние што газат луѓе и поминуваат на црвено. Државиште бе.

MKD MK

loading...