Search
недела 16 јуни 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

СОС Балкан Медиа во хумана мисија кај големиот херој Васил Јанкула од Ресен – Сите сме исти

Денес Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби „СОС БАЛКАН МЕДИА“ од Охрид  во кабинетот на градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, а повод големиот подвиг на Васил Јанкула од Ресен – лице со попреченост, кој на велосипед ја заобиколи цела Македонија и докажа дека сите сме исти му врачија во знак на почит пригодни подароци.

Имено, претседателот на Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби „СОС БАЛКАН МЕДИА“ , Сашо Денесовски и членот на бордот на Здружението, Васко Паскали на Васил Јанкула и неговиот тренер Тони Ангеловски му врачија телевизори и други пригодни подароци.

Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби „СОС БАЛКАН МЕДИА“  и во иднина ќе ги поддржува сите вакви големи херои кои докажувват дека сите сме исти.

Охридскај

loading...