Search
петок 22 март 2019
  • :
  • :
loading...
Најнови Вести

Сопругата на Макрадули – секогаш подалеку од очите на јавноста

loading...

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули не одговара на медиумски прашања поврзани со настанот со тендерите во вредност од околу 90 илјади евра, кои ги добила компанија каде еден од сопствениците е и неговата сопруга Маја Трендафилова Макрадули, а која е топ тема во јавноста деновиве.

Тој ги игнорираше прашањата на ,,Фокус” и одби да даде свое мислење околу коментарите дека настанот генерално лошо влијае врз целата партија, а исто така не одговори и на прашањето дали неговата сопруга смета дека е испочитувана етиката во овие случаеви, но и дали по сите реакции и обвинувања во јавноста, таа чувствува одговорност или пак грижа на совеста.

Околу тоа која е сопругата на Макрадули, многу малку се знае, бидејќи секогаш стоела подалеку од очите на народот. За разлика од сопругата, Јани никогаш не ја криел својата ќерка, која уште од најмала возраст ја носеше со себе на разни граѓански протести и собири и позираше со неа за медиумите. Она што е познато за Маја е дека со Јани биле подолг период во врска, пред да стапат во брак. Нивната свадбена веселба се случи во хотелот Александар Палас во октомври 2005-та година, и тогаш настанот беше затворен за медиумите. Кума на младите им беше Радмила Шекеринска, која во таа прилика фрлаше бонбони, како што е обичајот, за да им биде благ животот.

Фотографии од сопругата на заменик министерот речиси и не може да се најдат во архивите на медиумите или пак на социјалните мрежи и таа отсекогаш стоела подалеку од рефлекторите и камерите. Пред два дена во телефонска изјава за Канал 5, Макрадули порача дека не прекршил никаков закон и како тој не учествувал во никаква постапка за одлучување, ниту пак се мешал во работата на компанијата.

Веста дека компанијата ,,Опен мајнд солушнс” каде еден од сопствениците е сопругата на Макрадули, добила девет државни тендери во вредност од околу 90.000 евра откако тој е назначен на функција ја објави порталот Лидер. Според Лидер, Маја Трендафилова Макрадули имала 25% сопственички удел. Настанот покрена лавина од коментари на социјалните мрежи, и граѓаните бараат функционерите и нивни блиски роднини да не учествуваат во државни тендери и барања за грантови, додека се на функција.

Вики Клинчарова ФОКУС

loading...