Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Сон го фаќа, кутриот… 🤓

Сон го фаќа, кутриот… 🤓

Фотографија на Branko Geroski.

Премиере многу сум ви лут, сабајлево сакав на пресот рано утрово на клинички да ве критикувам жестоко ама се спасивте

Објавено на 08.02.2019 во 11:36:00 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк

 

Сабајлево требаше да ја имаме првата брканица на Саше Политико со премиерот Зоран Заев. Но се успав по ѓаволите!

Деновиве останувам малку покасно од обично поради ново настанатите ситуации во мојот приватен живот па сон не ме фаќа.

Но вчера бев бесен на премиерот и сеуште сум и еве зошто.

Зошто премиере мораше славјето и радоста од влезот на земјава во НАТО да биде поматено и избербатено со оваа наезда, епидемија на срамен непотизам кој деновиве станува масовен дури ми наличува на некаков организиран блицкриг, напад, јуриш кон фотељите во јавната администрација?!

Каква е оваа неправда кон народот, кон вашите гласачи, кон јавноста, кон сите што гинеа за вие да дојдете на власт, што толку лесно и ладнокрвно ја правите во земјава?

Ние од вас очекувавме да поправате неправди а не да правите нови неправди?

Зарем мислите дека е праведно кон народот кон вашите гласачи да примате на работа во државин претпријатија и агенции првенствено деца на министри, пратеници, екс премиери, мамини синчиња и ќеркички разгалени на кои се им било послано на готово во животот?!?! Зар мислите дека е тоа фер премиере?!

Немам ја ништо против овие деца, нека се живи и здрави и успешни, и тие си имаат мајка и татко кој ги мисли 24/7, но не е праведно премиере, боли ова, раѓа голем бес и лутина во срцето.

Можам само да замислам како се чувствуваат сите оние рудари, сточари, земјоделци, градежници и сета обична радничка класа која гласаше за оваа нова влада и сега гледа како децата на функционерите добиваат предност пред нивните деца кои се намачени измачени во животот завршиле факултети скапувајќи по бараки по студентски домови киснеле по автобуси гладувале да се докопаат до диплома а пак се некаде на бродови или по фарми во Грција и Италија или седат дома без работа…

Срцето сигурно им се кине!

ПРЕМИЕРЕ! ВЕ МОЛАМ ПОПРАВЕТЕ ЈА ОВАА НЕПРАВДА ВЕДНАШ! УКИНЕТЕ ГИ ОВИЕ ВРАБОТУВАЊА, ОВИЕ ОГЛАСИ И КОНКУРСИ ПРОГЛАСЕТЕ ГИ ЗА НЕВАЖЕЧКИ!

ДОНЕСЕТЕ ЗАКОН ВО СОБРАНИЕ СО КОЈ СЕ ЗАБРАНУВА РОДНИНИ НА ФУНКЦИОНЕРИ ОД ПРВО И ВТОРО КОЛЕНО ДА СЕ ВРАБОТУВААТ ВО ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ!

Затоа што тоа е праведно премиере, тоа е фер! Лесно им е на тие манини разгалени синчиња и ќеркички кои завршиле факултети по приватни колеџи, нивните родители имаат врски, лесно ќе се вработат во банки, големи гиганти, но за децата на работничката класа нема многу шанси во животот.

Јас самиот знам како е да си дете на работници неписмени, знам колку е тешко, низ што се требаше да поминам овие 20 години за конечно да најдам стабилен и добар приход со кој можам да се издржувам себе си и да ранам фамилија работејќи го она што ме прави среќен, тоа е еден од најголемите успеси во животот, да го правиш она што го сакаш и што би го работел дури и без пари.

И брат ми 20 години се мачеше по Лондон од чистач до ноќна смена чувар за конечно сега да се докопа до менаџерско место во Банка.

Ич не е лесно да си дете на ниската класа и да успееш во животот, така е секаде во светот, особено па во Македонија е брутално пострашно, кога се боревме за вие премиере да дојдете на власт, се надевавме дека обичниот народ ќе биде на прво место а не да биде на последно место во земјава, последна дупка во кавалот!

Се надевмавме дека Македонија ќе стане праведна земја, фер шанса за сите, а не едни со вујко владика а другите да се граѓани од втор и трет ред!

Народот се уште верува во вас премиере, и јас се уште верувам во вас. Поправете ја оваа неправда, реагирајте, еве бараме од вас јавно, да не речете дека не сте знаеле! Може и не сте знаеле, може сте биле фокусирани на други поважни проблеми, но еве сега знаете, некој нека ви ја пренесе колумнава, сигурен сум ќе стигне ова до вас некако.

Немојте да направите уште толку рано народот да ви го сврти грбот, рано е уште за тоа, штета би било ако тоа се случи. Штета затоа што не сум сигурен дека ВМРО ДПМНЕ е спремно да се врати на власт, а трета опција треба се уште време за да се изнедри и развие.

Немојте да праќате порака до народот – епа еве ВМРО ДПМНЕ не ни е дораснато да не победи, ние сме поврзани и со западот и со Албанците и со соседите неприкосновени сме и осудени да владееме, па сега ќе правиме што сакаме, немате избор граѓани на Македонија, мора да гласате за нас што и да правиме.

Немојте со таа арогантна и нефер порака премиере, не е ок, разочарувачки е, курвински е така да се размислува и однесува.

ОЧЕКУВАМЕ ОД ВАС РЕАКЦИЈА БРЗА И ОДЛУЧНА! СФАТЕТЕ ГО ОВА И КАКО МОЈА ЛИЧНА МОЛБА И ЛИЧНО БАРАЊЕ ДО ВАС!

 

loading...