Search
сабота 23 февруари 2019
  • :
  • :
loading...

Собранието ги изгласа измените со кои се воведува заменик-директор во сите јавни претпријатија

loading...

Собранието на Република Македонија во попладневниот дел на 77-та седница го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија по скратена постапка поднесен од пратениците Александар Кирацовски, Реџаиљ Исмаили, Благојче Трпевски и Јусуф Хасани.

Со ова законско решение се воведува функцијата заменик директор во сите јавните претпријатија.

На дневен ред на денешната седница по скратена постапка беше и предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, поднесен од повеќе пратеници, за кој претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека е повлечен.

Пратениците претходно донесоа и повеќе законски решенија во прво читање кои се дел од реформскиот пакет во правниот сектор, меѓу кои измените и дополнувањата на законите за судови, за прекршоци, за Судскиот совет, за управни спорови и за извршување на санкции.

loading...