„Драги хумани луѓе Сакаме да Ве информираме дека потребните финансиски средства за нашата АНАСТАСИЈА благодарение на сите вас се обезбедени.
Со Огромна почит ви се заблагодаруваме на хуманоста, што ни дозволивте да се бориме за животот на нашето мило дете, да може како и сите останати дечиња да се радува заедно со мама и тато, 
Катица и Ристе Ризови.

ОД СРЦЕ ВИ БЛАГОДАРИМЕ“, напишаа родителите на малата Анастасија на Фејсбук.

Малата Анастасија од Пирава, Валандово се бори со тешка форма на тумор, родителите бараа донации за операција и лекување во Турција.

Македонците повторно докажаа дека се хуман народ!

На Анастасија и посакуваме успешна операција!