Search
сабота 23 февруари 2019
  • :
  • :
loading...
Најнови Вести

Со продажба на стариот ќе се финасира изградбата на новиот Клинички центар?

loading...

Ќе никнат ли нови станбени згради на местото на кое во моментов се наоѓаат државните клиники?

Со продажба на дел од парцелата која се простира на 200 илјади квадратни метри во најатрактивниот дел од метрополата, можно е да се враќа кредитот што власта ќе го земе за да изгради нов Клинички Центар. Пазарната вредност на парцелата на која сега се наоѓа комплексот „Мајка Тереза“ може да надмине и 100 милиони евра.

Министерот Филипче, вели дека сепак некоја болничка дејност ќе остане.Т

Властите бараат начин како да го изградат новиот Клиники центар за 4 години. Филипче вели дека се советувале со странски фирми, од Австрија, Германија, па дури и од Американци за опцијата „готов пакет“ со клуч на рака. Државата да плати изработка на проект и изградба на болницата во едно. Сегашниот закон не го дозволува ова.

Наместо сумата од околу 120 милиони евра, колку што за изградба на нов клинички предвиде мината власт, парите потребни за реализација на проектот на крај ќе чини и до четири пати повеќе или 480 милиони евра. Властите допрва размислуваат од каде ќе земат кредит за да го изградат.

Сања Трајковска Ставров

loading...