Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Со финти ли дивите платформи на Матка останаа неурнати па дури и пораснаа?

Вчера излегоа нови фотографии дека нелегалната платформа на Матка си продолжува со проширување и надградба. Што уште треба да се случи за да надлежните институции – општина Сарај и Државен инспекторат за градежништво па и Град Скопје донесат одлука за нивно отстранување? Веројатно покана за свечено отворање кое што, извесно, наскоро ќе се случи со оглед на забрзаното темпо со кое узурпаторите ја завршуваат платформата нема да биде доволен повод. Всушност, тогаш ќе стане јасно дека и трите институции само си ја одолговлекувале постапката и со меѓусебно префрлање на одговорноста со што му купија време на таму некој си и оние околу него да профитираат од целосно нелегалниот објект.
Скопјани не сакаат да поверуваат дека се во прашање оние стари познати институционални финти со кои се залажува јавноста со решителност дека ќе се тера по закон, за да на крајот се истера она што е договорено во партиските и блиските им бизнис кругови.
Ќе не разубедат ли властите дека нема финти?

loading...