Search
петок 22 март 2019
  • :
  • :
loading...
Најнови Вести

Со 90.000 евра ние ќе отвориме Центар за децата со посебни потреби и ќе бидат вработени 50 луѓе, слушаш ли МА крадули?

loading...

Кога побарав од Јани Макрадули децата со посебни потреби да бидат вклучени во поттикнување на свеста на граѓаните за заштита на животната средина, муабетот остана на: ,,ќе разговарам со Петре Шилегов,,. Оставив број и после скоро две години децата со посебни потреби не ја добија својата афирмација. Знаете ли што значи за едно вакво дете да му ДАДЕШ задача да те застане на улица и да ти биде ,,инспектор,, кој ќе те ,,опомене,, дека не треба да фрлаш отпад?! Не знаете. Затоа што не ви е гајле. Затоа што освен личниот интерес ниту Ве интересираат како живеат другите деца, уште помалку таму каде што сте најпотребни-на децата со посебни потреби. И се средив, за разлика од неговата сооруга јас не побарав 90.000 евра туку најдов малку хумани луѓе кои ќе донираа контејнери а децата ќе беа вклучени во општеството и ќе можеа и тие да ,,работат,,. Ниту се јави Макрадули ниту верувам дека помислил на овие дечиња после моето заминување и затварање на вратата. А јас чекав, чекаа и децата…Единствено што беше потребно да чкртне еден потпис и да рече: Повелете, имате шанса да видиме што можете да направите. А јас заедно со овие дечиња одговорно тврдам дека МОЖЕВМЕ ПРЕМНОГУ! И знаете што е најтешко?! Што јас се откажав. Се откажав да ги гледам очите на децата и да ги лажам. Тропав на многу врати, бев и кај градоначалникот на Кисела Вода, проектот испратен на Кирацовски па изгубен и толку. И немам енергија за трошење. Во Северџан не има такви кои не Ви бараме вработување, не бараме тендерчиња едноставно што бараме/вме е да се овозможи предизборното ветување ,,живот за сите,,. И сериозно треба да го смените пристапот: ,,беше единствен кандидат,, или последново ,,јас не и се мешам на мојата сопруга во нејзините бизниси,,. Има и интелигентна маса на фејсов која не заслужува да биде деградирана. Со 90.000 евра ние ќе отвориме Центар за децата со посебни потреби и ќе бидат вработени 50 луѓе. И ние немаме НЕ затоа што државата нема пари туку затоа што апетитите Ви се огромни, ненаситни сте. Кога ќе седнете на трпезата денес сетете се дека децата со посебни потреби треба цел месец да живеат со 5000 денари цел месец. И нема да се сетите. Имајте убава плодна трпеза. Паричето кај мајка ми. Нека и е бериќетна годината.

loading...