Search
петок 22 март 2019
  • :
  • :
loading...

Смартфоните на светските лидери

loading...

Смартфоните на светските лидери

Да имаш смартфон е доброволен егзибиционизам и целосна транспарентност. Земајќи смартфон во рацете велите „немам ништо против да се разоткријам пред целиот свет“. Затоа, претседателот-уште повеќе на земја како Русија-не треба да има смартфон, објаснува портпаролот на Кремљ, Дмитрој Песков, зошто Владимир Путин не корси смартфон.

Раководители на други држави исто така избегнуваат да користат модерни телефони и комуницираат со заштитени уреди или по владини линии. Пред да стапи на должноста Доналд Трам ги пушташе своите твитови од Samsung Galaxy S3. Но, откако стана претседател од специјалните служби му беше наложено да го смени смартфонот. Во моментот Трамп има апарат на  Apple, ное не се знае точно каков.

По информацијата на Едвард Сноуден дека Жак Ширак и Никола Саркози биле прислушувани, Емануел Макрон исто така е загрижен за своите телефонски разговори. Францускиот претседател користи заштитен воен мобилен телефон Teorem, призведен од компанијата Thales. Кон крајот на 2017 година француските медиуми соопштија дека Макрон има исто лични  iPhone и Samsung Galaxy S7 edge со специјална заштита.

 

Според специјално соопштение на администрацијата, севернокорејскиот лидер Ким Чан Ун користи смартфон и честопати може да се види со него. Вообичаено апаратот е сокриен за секој случај и неговата марка не е позната. На 4 февруари 2013 година еден севернокорејски весник соопшти дека Ун користи смартфон на тајванскиот производител  HTC.

Неодамна, медиумите од Островот објавија дека британската премиерка Тереза Меј го сменила стариот Blackberry со iPhone. Би-Би-Си тврди дека премиерката долго време користела апарат на канадската компанија, но по отстапувањето на својата лиценца на други производители на смартфони, Меј се откажала од него.

По откритието на Викиликс дека американската Агенција за национална безбедност ги прислушувала телефоните на 125 виоски германски политичари, Ангела Меркел почнала да користи Blackberry Z10 со дополнителни функции за заштита. Телефонот на канцеларката е снабден со криптирачки чип, кој гарантира безбедна врска. Пред тоа Меркел имала Nokia 6260 и Blackberry Q10.

loading...