Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Скокав од балкон на балкон за да спасам жива глава, чадот беше на секаде: Страшна исповед на преживеана девојка по страшниот пожар во Париз

“Ме разбуди алармот, ја отворив вратата од станот и видов чад”.

Десет луѓе загинале, а едно лице било тешко повредено во пожарот кој вечерта меѓу понеделникот и вторник избил во зграда во Париз.

Пожарот избил во луксузен кварт во зградата од осум ката во 16-тиот округ во близина фудбалскиот стадион “Парк на принцовите” и теренот на кој се игра тенискиот турнир “Ролан Гарос”.

Во пожарот полесно биле повредени 25 лица, вклучувајќи и шест пожарникари. Пожарот кој избил во утринските часови бил ставен под контрола.

Вкупно повеќе од 50 луѓе биле спасени од зградата во пламен, а една од преживеаните за “BBC” раскажала како побегнала од пожарот.

Жената која се нарекува Клер за “BBC” раскажала дека противпожарниот аларм се огласил по полноќ и дека веќе тогаш се било полно со чад.

Клер живеела на последниот кат на зградата, па раскажала дека морала да скока преку неколку балкони за да се спаси.

“Се сокрив во еден агол со другите луѓе кои бегаа од огнот”, додала таа.

Британските медиуми јавуваат дека се смета дека станува збор за подметнат пожар и дека била уапсена една жена за која постои сомнеж дека го подметнала пожарот.

Трагедијата се случила по расправија

На пожарот во кој загинале 10 лица му претходела расправија, објавил весникот “Local”.

Полицијата претходно соопштила дека била уапсена психички нестабилна жена на возраст од 41 година во врска со овој случај, и дека пожарот се третира како веројатно намерно палење.

Според пишувањето на медиумите, уапсената жена живеела во зградата во која избил пожарот. Како што рекле очевидците, таа пред избивањето на пожарот се расправала со еден сосед.

Оваа теорија ја потврдил и еден од замениците на градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар, кој рекол дека пред пожарот избила расправија меѓу соседите.

“Полицијата ќе даде дополнителни иформации, но ова е една од теориите кои полицијата ги истражува”, рекол Грегоар.

Очевидците велат дека пред пожарот избила расправија, а според некои и тепачка, бидејќи ја слушнале жената како вриска.

loading...