Search
понеделник 21 јануари 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Сите „штеделе“, само АД ЕЛЕМ се расфрлал со тендери

loading...

АД Електрани на Македонија е убедливо најголемиот потрошувач на јавни средства преку тендери со склучени договори во вредност од 4,75 милијарди денари за јавни набавки во 2017-та. Според најновиот извештај на Бирото за јавни набавки, за една година АД ЕЛЕМ прави скок од три места, откако една година претходно бил на четвртата позиција со потрошени 2,53 милијарди денари на набавки и аукции.

Забележително е тоа што најголемите јавни потрошувачи за јавни набавки во 2017 биле доста „штедливи“ во однос на оние „најдарежливите“ од 2016-та. Така во 2017-та покрај АД ЕЛЕМ, има само уште еден јавен потрошувач со договори од над една милијарда денари. Станува збор за Јавното претпријатие за државни патишта со 1,2 милијарди денари. На третото место е уште едно јавно претпријатие за одржување на патиштата – ЈП „Македонијапат“ со 909 милиони денари. Од министерствата, најголеми потрошувачи биле ресорите за образование и наука и за внатрешни работи со 896, односно 831 милион денари. На шестата позиција се наоѓа установа – Градската општа болница „8 Септември“ со 690 милиони денари.

Од друга страна, дури девет топ-потрошувачи од една година претходно делеле тендери од над милијарда денари. Листата од 2016-та ја предводи Македонски енергетски ресурси, акционерското друштво за изградба на магистралните гасоводи, со 5,3 милијарди денари. На второто место е ЕВН Македонија, дистрибутерот на електрична енергија, кој е обврзан на јавни набавки и тоа во вредност од 4 милијарди. Истата година од министерствата предводник е ресорот за земјоделство, шумарство и водостопанство со 3,15 миијарди, пред АД ЕЛЕМ со 2,53. На шестото место е Министерството за здравство со 2,42 милијарди, односно 1,8 милијарди повеќе во однос на 2017-та. ЈП за државни патишта троши 1,9 милијарди евра, односно 600.000 милиони денари повеќе од тоа што ќе следува една година подоцна. Народна банка како правно лице основано од јавен интерес е на 7.место со 1,68 милијарди. Клубот на „милијардери“ го затвораат Балкан енерџи, уште еден приватен снабдувач обврзан на јавни набавки, со 1,67 и  Министерството за образование и наука со 1,6 милијарди, односно 700.000 милиони денари повеќе потрошени пари во однос на она што ќе следува во 2017-та.

Од двете листи може да се заклучи дека акционерските друштва, јавните претпријатија и министерствата трошеле многу повеќе во 2016-та. Истото важи и за Службата за општи и заеднички работи на Владата која во 2016-та набавувала за 464 милиони денари, наспроти 149 милиони во 2017-та. Град Скопје во 2016-та набавувал за 977 милиони, а во 2017-та за 610 милиони. Дирекцијата за развојни индустриски зони (ТИРЗ) од 461 милиони ги намалува набавките на 191 милиони. ЈП Комунана хигиена склучила договори од 507 милиони денари, а една година подоцна реализира 202 мииони денари помалку . Исто и Македонски шуми со 744 милиони во 2016-та, на 600 милиони во 2017-та. Народна банка од потрошени 1,68 милијарди „паѓа“ на само 296 милиони една година подоцна.

Во продолжение листите на најголемите јавни потрошувачи за 2017-та и 2016-та.  (А.К.)

loading...