Search
среда 13 ноември 2019
  • :
  • :

Што поседува и колку тежи Орце Камчев?

Реномираниот економски магазин „Форбс“ во 2016 година го прогласи Камчев за најбогат Македонец, кој преку неговата компанија „Орка холдинг“ е сопственик или косопственик на болницата „Систина Аџибадем“, на „Стопанска Банка- Битола“, на најголемиот земјоделски комбинат ЗИК „Пелагонија“, на градежната фирма „Бетон-Штип“, хотелот „Ибис“, на медиумската куќа МПМ и десетина други фирми. Тогаш „Форбс“, 46-годишниот Камчев е еден од најмладите на листата на најбогатите, но и еден од ретките кој лани го зголемил богатството.

Камчев е поврзан и со оф-шор фирмата „Ексико“, најуспешната компанија во земјава со непознат сопственик, која е регистрирана на иста адреса во Олбани, САД со фирмата „Финзи“, чиј директор Коста Крпач се самоуби, а беше сведок на СЈО и меѓу 56-те аболицирани од претседателот Ѓорге Иванов за криминали произлезени од прислушуваните материјали. „Ексико“ е акционер или партнер во фирмите на Камчев „Стопанска банка АД – Битола“, „Пелагонија“,во хотелот „Ибис“ и во „Бетон – Штип“.
Во бомбите на опозицијата беа презентирани разговори меѓу тогашните премиер Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, во кои тие разговараат за парцели за кои беше потребна промена на Деталниот урбанистички план (ДУП) и на Генералниот урбанистички план (ГУП), односно земјиште од Парк-шумата Водно да се пренамени во градежно. Според опозицијата, парцелите вределе 17 милиони евра, а сопственик бил Груевски. Тој наредил да се сменат ДУП-от „Тасино чешмиче 1“ и „Капиштец – Водно“. Според стариот ДУП, едната локација во Капиштец-Водно, била предвидена за спорт и рекреација, а со новиот била пренаменета за домување со посебен режим, а сопственици на овие парцели станале фирмите „Кара“ на Орце Камчев и оф-шор компанијата „Ексико“. Груевски ги демантираше овие наводи на опозицијата.
„Бетон – Штип“ пак е една од најангажираните во градењето на проектот „Скопје 2014“ со работа за околу 55 милиони евра.

loading...