Search
недела 21 април 2019
  • :
  • :

Што ќе се случи со нашето тело доколку секое утро пиеме вода со суво грозје

Луѓето се запознале со сувото грозје кога случајно ги забележале исушените плодови на виновата лоза 2000 п.н.е и денес се смета за едно од најважните откритија на храна. А еве кои се придобивките од истото, особено доколу секое утро го консумираме со вода.

Витамините, влакната и минералите изобилуваат во ова суво овошје, кои го прават супер корисно, при што лекарите и нутриционистите често го препорачуваат на своите пациенти.

А еве кои се придобивките од консумирањето на вода со суво грозје:

1. Нашиот црн дроб и цревата полесно ќе се ослободат од токсините

Детоксицирачките својства на сувото грозје се должат на големото количество на антиоксиданси и детални влакна кои влегуваат во составот на истото. Антиоксидансите му помагаат на црниот дроб целосно и правилно да ја врши својата функција, додека влакната ги подбруваат движењата на цревата, помагајќи да се исчисти дебелото црево и да се забрза метаболизмот.

Водата со суво грозје консумирана на празен стомак, уште побрзо и поефикасно ќе функционира, само не заборавајте по испиената вода со грозјето,  всушност потоа и да го изедете овошјето.

2. Напитокот ќе ја зголеми нашата енергија и ефектот ќе биде долготраен

Научниците и спортските експерти сметаат дека сувото грозје е одлична алтернатива на енергетските пијалоци. Сувото грозје содржи голема количин на влакна и микронутриенти, а воедно не содржи додаден или вештачки шеќери или боја, за разлика од енергетские напитоци.

Водата со сувото грозје испиена наутро ќе ве наполни со доволно енергија дури и за наредниот ден. Исто така, напитокот може да го консумирате и пред вежбање.

3. Нивото на лошиот холестерол ќе се намали, а нашиот крвен притисок ќе се стабилизира

Студиите и клиничките истражувања покажаа дек сувото грозје е богато со влакна, калиум, фитонутриенти и антиоксиданси, за разлика од другите вообичени закуски. Исто така се докажало дека луѓето кои често консумираат суво грозје имаат понизок систолен и дијастолен крвен притисок во споредба со луѓето што го јадат во минимални количини.

Уште повеќе, сувото грозје го намалува нивото на оксидирниот холестерол со ниска густина, што значително го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести.

Подготовка на водата со суво грозје

За овој напиток ќе ви бидат потребни 2 чаши чиста вода и 1 ½ чаша темно суво грозје. Најпрво сварете ја водата, а потоа додека водата уште врие на висока температура, додадете го сувото грозје и оставете да отстои така 20 минути.

Откако ќе поминат 20-те минути, тргнете ја водата и оставете ја настрана да отстои така 8 часа или повеќе, затоа е најдобро вечерно време да се подготови и течноста да отстои преку ноќ.

loading...