Search
четврток 2 април 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Шпанската војска пронашла напуштени лица и мртви тела во старечки домови

Припадниците на шпанската војска пронашле напуштени постари лица и неколку тела во старечки домови погодени од епидемијата на новиот коронавирус, изјави шпанскиот министер за одбрана.

„Нема да имаме разбирање за вакво постапување со корисниците на овие домови“, рече Маргарита Роблес за ТВ „Телецинцо“.

„Посетувајќи некои домови, војската можеше да види целосно напуштени стари лица, па дури и тела во кревети“, рече таа без да открива детали, пренесува „Хина“.

Државниот правобранител најави истрага за утврдување на тежината на делото.

loading...