Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Селани од Жиганци: При изградба на патот Кочани – Штип пронајдени 970 килограми злато

Ни повеќе ни помалку туку точно 960 килограми злато биле пронајдени во нива во атарот на селото Жиганци.

Златото било пронајдено под карпа при ископ што го прави фирмата што работи на изградба на експресниот пат Штип – Кочани. Оваа приказна доаѓа од мештани на село Чешиново, бидејќи нивата каде што било ископано златото во Жиганци била на нивен соселанец (му го кажуваат и името), но сега државата му ја платила за низ неа да поминува патот.

Најденото злато било во монети, накит, а имало и златни шипки. Откако било пронајдено ова богатство, наводно, дошла полиција и го обезбедила местото од љубопитните селани.

Во СВР Штип со насмевка ја демантираат оваа (полу)информација. Но, чешиновци остануваат на својата приказна и додаваат дека тоа официјално не се соопштувало, оти требало да се направат дополнителни истражувања.

loading...