Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Сефер Цаноски: Мојата сопруга е изненадена што Христијани ми честитаат празник не разбира дека се клиентелисти и од интерес ми се упикуваат

Статус на Сефер Цаноски: ,,Сакам да им се заблагодарам на стотици пораки и повици кои денеска ги добив како честитка по повод празникот Бајрам.
Мојата сопруга беше изненадена што повеќе од 80 % од честитките дојдоа од моите пријатели , соработници и браќа со христијанска вероисповест. И велам тоа е мојата Македонија.

Меѓусебната почит која ја имаме е најголемото богатство. Колку и да сакаат да ја претстават во поинакво светло (и тука им се чудам на некои медиуми и од албанската страна и од македонската), кои поради неколкумина или мал дел кои жнеат омраза или гнев кон другите – претежно на спортски настани и од тоа како едвај да чекаат да создадат уште поголема ситуација.

Медиумите треба да ги игнорираат таквите групи целосно. Давајќи им медиумски простор на таквите само го фрустрираат мнозинството на граѓани кои сакаат мир, благосостојба, соживот и едно еднакво општество за сите.

Тој многу мал процент кој шири омраза и нетрпеливост и кој навива за сфрт на “шиптарите “ или обратно на “каурите”, на муслиманите или на христијаните, верувајте ми тие луѓе не се сакаат ниту себеси ниту својата вера. Тие луѓе имаат лошо домашно воспитание или воопшто и да го немаат.

Овој народ живеел векови во заедништво и така и ќе остане. Посакувам овој ден да донесе мир, благосостојба и бериќет на цела наша држава. И да го славиме во заедништво уште многу години!”

loading...