Search
четврток 2 април 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

СЕ ВОВЕДУВА МЕДИУМСКА ЦЕНЗУРА среде епидемија за да не прашуваме незгодни прашања

Барам Владата да објасни од каде во време на вонредна состојба и полициски час, на новинарите им се ограничува поставувањето прашања на по едно читај гласно: ЕДНО, од медиум, кога ние сме единствениот начин за вие да допрете и да го информирате народот, а и народот да ве праша преку нас ? Второ, како е можно да не им дозволите просуство на т.н. нерегистрирани портали на вашите онлајн прес конференции од понеделник, сега?!? Сега кога сме им најпотребни на граѓаните, вие се сетивте да цензурирате присуство на новинари од нерегистрирани портали како што велите, кои инаку се акредитирани за влез во влада секој друг ден?!?

Igor Hadzievski Стигна редот за прашања од типот:
Зошто ЕУ категорично одби да им помогни на земјите од Западен Балкан?
Зошто македонската влада сеуште нема побарана експертска помош и помош во медицинска опрема од Кина?
и.т.н.

Недај Боже, ситуацијата да ескалира, ќе ги нема на пред и повеќе денови.

„Воведување медиумска цензура среде епидемија!“- пишува на својот Фејсбук профил портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, коментирајќи ја најновата владина одлука само одредени медиуми, да бидат единствените кои ќе можат да поставуваат прашања на владините он-лајн видео прес-конференции.

„Владата се одлучи за онлајн прес конференции и вклучување на прашања. Но, злоупотребувајќи ја состојбата се обидува да исклучи критички медиуми.

Имено во дописот за регистација стои:

“Право на учество на повикот имаат сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на АВМУ (Регистар на печатени медиуми /Регистар на телевизии / Регистар на радија),

како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми)”

Цензурата доаѓа токму во последниот дел. Најголемиот број критички медиуми не се дел од ЗНМ ниту дел од регистарот на Советот за етика; што лесно се проверува и од линковите посочени од владата.

*Ова е регистарот посочен од влада https://www.promedia.mk/main

Меѓу нив се Курир, Република, Лидер, Инфомакс, Нетпрес, Вечер.. Медиуми со илјадници читачка публика и посетители. Дури и многу повеќе од оние “на листата”. Сето ова доаѓа по прашањата до Филипче и соочувањата со вистината за состојбите и итните набавки од владата.

Ова е срамно, во услови на епидемија, на мала врата да се исклучат медиуми кои инаку се АКРЕДИТИРАНИ и без никаква пречка биле присутни на пресовите на владата.

“Браво” Забрчанец, “Браво” Бојаровски, “Браво” Роберт Поповски!

Вака се справува со кризата; Лажи и чекај да те фалат!“, пишува Стоилковски на својот ФБ профил.

 

loading...