Search
недела 20 октомври 2019
  • :
  • :

Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца

Скопјанец на возраст од 23 години и неговите три деца од шест, три и две години со повреди биле донесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, во попладневинте часови на 2 октомври.

Од болницата случајот го пријавиле во полиција, од каде, пак, било констатирано дека таткото и децата се повредиле откако се срушила терасата на која седеле.

Кај тригодишното дете биле констатирани тешки повреди, додека останатите три лица се здобиле со телесни повреди.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Фотографија на Donko Gjosevski.

loading...