Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

СЕ СПРЕЧКАА ЉУПЧЕ И НАУМЧЕ, КОЈ ЌЕ ГО ЈАДЕЛ ПОВЕЌЕ

Ljupcho Nikolovski
пред 3 часа ·
Нема одлагање!
Туку напротив, ќе се забрзат Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Титаник 2, Тортура, Тврдина 2, Насилство, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк, Труст, Триста, Тотал, Траекторија, Талир, Империја, Странски Служби, Актор, Лидери, Тарифа 2, Транспортер 2, Моќник, Дизајн, Поштенска банка, Пропаганда, Империја 2, Хармонија
Базни Станици, Подарок и еден куп други.
Затоа сакаат да ја срушат правдата, да ја стопираат 🇲🇰 да почне преговори со #ЕУ, да влеземе во #НАТО и да одиме напред.
Но, ништо не им успеа нема ни ова.
Ударот правдата ќе го зададе за секој, ама буквално за секој, и со тоа ќе успее 🇲🇰!

Naum Stoilkovski Ljupcho Nikolovski ЕУ бара јасна и недвосмислена борба о високата корупција. Да ти преведам , тоа е корупција организирана од власта. Дефокусот во кој што учествуваш не оди во таа насока, напротив, го заштитуваш Рекет, штитиш Октопод, одработуваш за државната мафија. Да те потсетам три години сте на власт, од која и Вие бевте дел како министер. Ако ова институционално не сте го спречиле, не сте власт, туку напротив штитите криминал. Ваквите испади како Вашиот сега не е ништо поразлично од лажни вести за Датумот за ЕУ, за потоа дека Меркел е виновна за немањето датум, а сега со криење на главата на Државната мафија. Декларацијата која што ја донесовте е исто како бранковата борба со тогашниот Октопод „Не СДСМ Свети СДСМ да се“ па видовме како заврши. Одговорете ги прашањата кои ја мачат јавноста а ги пишав погоре. Криењето на тие одговори преку политички мотивирани судски процеси само ја туркаат Македонија кон дното.

Ljupcho Nikolovski Јас сум борецот за правда, ти браниш криминалци, тоа е суштинска разлика.

Кога ќе излезеш Naum, на прес и кога ќе повикаш да одговараат сите од твојата ВМРО-ДПМНЕ замешани во милионски криминал, за сите случаи: Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Титаник 2, Тортура, Тврдина 2, Насилство, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк, Труст, Триста, Тотал, Траекторија, Талир, Империја, Странски Служби, Актор, Лидери, Тарифа 2, Транспортер 2, Моќник, Дизајн, Поштенска банка, Пропаганда, Империја 2, Хармонија, Базни Станици, Подарок и еден куп други….

Е, тогаш ќе имаш кредибилитет да зборуваш за правда. Дотогаш, учи како одговорно се постапува во интерес на граѓаните и чекај исход.

Ljupcho Nikolovski Naum Stoilkovski, за криминали и рекети вие од белиот дворец треба да одговорите, за што има отворено еден куп судски предмети и истраги, дојде времето.

Кого браниш е кристално јасно! А одговори можеш да му побараш на твојот Мицкоски, кој неколку денови избегнува да одговори на прашањата:

Дали Мицкоски на Хвар, се сретнал со вашиот тајкун Орце Камчев? Дали претходно имал средби со него и што земал на рака?

Дали во Будимпешта се сретнал со авторот на текстовите во италијанскиот медиум?

Ако досега не ви беше јасно, треба да ви стане јасно: Нема спас за криминалците, никого нема да заштитите, правдата ќе допре до секого

 

loading...