Search
понеделник 17 јуни 2019
  • :
  • :

СДСМ знае дека им се ближи крајот. Вработуваат се што е нивна фамилија

СДСМ  знае дека им се ближи крајот. Вработуваат се што е нивна фамилија

СДСМ знае дека им се ближи крајот. Вработуваат сé што е нивна фамилија. Со вакви обвинувања излегоа денес од штипскиот огранок на ВМРО ДПМНЕ, аргументирајќи го кажаното врз примерот на државниот секретар за здравство, Владимир Милошев:

„ Владимир Милошев беше прв човек на СДСМ во Штип додека беше во опозиција, но откако оваа партија е на власт, не само што доби висока државна функција, туку и нескромно ги користи сите придобивки на власта. Најпрво доби службено возило, па бенефициите ги надополни со одвоен живот, кој го исклучува користењето на службеното возило, но за истото се говори дека секојдневно е во Штип. А најнова корист која Милошев ја стекнал како резултат на тоа што неговата партија е на власт, е вработувањето на неговиот брат и тоа во компанијата МЕПСО, каде се згрижуваат блиските на највисоките функционери на СДСМ.  И наместо Државниот секретар да се грижи за здравјето на пациентите во Источна Македонија и да ја забрза изведбата на Клиничката болница, тој е посветен на максимално користење на државните привилегии.  Станува очигледно дека во СДСМ знаат дека им се ближи крајот, па затоа најнеодговорно и без образ, на грбот на граѓаните, ги користат сите можни ресурси кои им се на располагање и го шират непотизмот како најнормална заразна болест“, кажа на прес конференција Санела Петрова, ВМРО ДПМНЕ – Штип.

Од друга страна, прозваниот државен секретар Владимир Милошев негира секаква поврзаност со професионалниот ангажман на членови од неговото семејство:

„Одговорно тврдам дека немам никакво влијание во вработувањето на мојот брат во МЕПСО, ниту знам кој таму е  директорот. Мојот брат е електро инженер и немам право да му спречам право на конкурирање во ниту една институција. Доколку ги исполнува условте, одлуката е на раководниот тим кој ќе биде примен.

Што се однесува до третото обвинување, согласно Законот имам  право да бирам дали ќе користам службено возило или стан чија кирија не надминува повеќе од 300 евра. Со оглед на тоа што имам каде да живеам во Скопје, се одлучив за службено возило кое го користам исклучиво за службени потреби на Министерството, односно за моите посети на здравствените установи во државата“, стои во реакцијата од државниот секретар за здравство, Владимир Милошев.

https://youtu.be/Ub2PEL2f374
loading...