Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Сашо Мијалков успеа да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден од клучните сведоци на СЈО, дали Костовски сведочи со рекла кажала?

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков успеа да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден од клучните сведоци на СЈО во предметот за масовното прислушување ,,Таргет-Тврдина”. и да покаже дека е сведокот инструиран.

„Дали може да се маркира број со судска наредба без да биде доделена корисничка сметка, т.е. без да биде пуштен ИПС-системот во употреба?”, го праша Мијалков сведокот. Мијалков претходно рече дека ИПС-системот бил пуштен во јануари 2015 година, кога бил направен САТ-тестирање.

Костовски рече дека во фаза на тестирање на системот биле направени кориснички сметки за репродуцерите и дека можеби маркирањето било на 2 система.

„Не ме интересира другиот систем. Тоа е хипотеза”, рече Мијалков и потенцира во прашањето дали биле маркирани броеви по судска наредба, а системот за следење на комуникациите не бил во употреба.

На прашање дали видел или слушнал барање од директорот на УБК за маркирање за следење на одредено лице, Костовски рече дека не се сеќава.

„Значи вие сведочите на рекла-кажала?”, рече Мијалков и праша дали може да обезбеди такво барање.

„Во кое време да го обезбедам таков документ? Во минато?”, праша Костовски.

„Не во идно”, рече Мијалков и ироночно му заблагодари за ,,исцрпните одговори”.

Мијалков го праша сведокот дали корисничкото име ,,дир” е сигурен дека значи директор или само му асоцира. Костовски рече дека е сигурен дека ,,дир” значи директор, алудирајќи на директорот на УБК и дека сите други имиња биле со иницијали од личните имиња.

„Јас не знам човек да се вика на дир”, рече Костовски. ,,Дирхан”, рече Мијалков, по што присутните почнаа да се смејат.

loading...