Search
понеделник 26 август 2019
  • :
  • :

САМО ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ ЗА КОЛЕШКАТА БЕЗ ГАЌИ, А ОВАА ПУКА ОД ЧЕДНОСТ И ПОШТЕЊЕ…СРЦКА БРЕ

Во Управата за јавни приходи пред точно еден месец изби скандал кога една од вработените дојде на работа без гајќи, па поради тоа директорката Сања Лукаревска до сите вработени испрати кодекс на однесување, пренесува „Макфакс“.

„Ни стана чудно што директорката, која не доаѓа од некоја друга институција, туку е од тука, нѐ познава сите, ни испрати имејл со наредба доследно да го почитуваме кодексот на однесување, но набргу се расчу дека тоа го направила оти некоја од колешките на работа дошла без гаќи. Сега анализираме кој ја пријавил, дали некоја странка или некој од нас“, изјавил вработен во Управата, пренесува „Макфакс“.

Освен колешката без гаќи, тој вели дека имало и многу други што не го почитуваат кодексот. Колега што работи со странки често се случувало да ги соблече чевлите и цел ден да оди бос по теписонот со објаснување дека му е многу жешко, а длабоки деколтеа и безобразно куси здолништа биле секојдневие.

Кодексот за однесување на вработените во Управата за јавни приходи забранува вработените да доаѓаат на работа во хеланки, во тренирки, во спортски обувки, со длабоко деколте, во налани и во кломпи.

Накитот, шминката, фризурата и маникирот, според кодексот, треба да бидат одбрани за да оддаваат пристојност и уредност и да бидат приспособени на деловниот изглед.

Вработениот што нема да ги почитува правилата на однесување утврдени со кодексот, според УЈП, подлежи на дисциплинска одговорност.

Дали Лукаревска покрај тоа што ја користи својата функција за да ги крши законите, истата ја злоупотребува за да се заканува на вработените во Градски паркинг да не и го чепкаат непрописно паркираниот автомобил?

Јавноста е гневна на ваквиот однос на функционерите на СДСМ. Додека возилата на граѓаните им ги земаат и за да си ги добијат треба да платат казна, на функционерите на СДСМ непрописно паркираните возила никој не смее да ги чепне.

Граѓаните коментираат дека тие плаќаат за директорите на СДСМ да ги кршат законите.

loading...