Search
недела 22 септември 2019
  • :
  • :

Рускоска поради Боки 13 влезе во УБК и предизвика паника

Истражителите на шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска која ја води истрагата за „Рекет“, ја дигнале на нозе Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) кога фатиле да изнесуваат кеси и пакети од депото на зградата, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во МВР.

Се изнесуваат прислушувани материјали и докази“, била дојавата на совесни вработени во МВР лично до премиерот Зоран Заев. Заев се исплашил и веднаш го побарал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за да праша дали повторно УБК прави нешто незаконски, велат соговорниците кои биле очевидци на настанот.

Спасовски го смирил Заев дека во кругот на УБК дошле истражители од тимот во истрагата „Рекет“ да вршат попис на запленетата облека и вредни предмети на осомничениот Бојан Јовановски-Боки 13, пишуха САКАМДАКАЖАМ.

loading...