Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

РЕПУБЛИКА: Бени Шаќири сака да биде директор на МКЦ?

Бени Шаќири сака да биде директор на МКЦ?

Рок-пејачот Арбен Шаќири кој јавноста го препознава како Бени, поднел документи на отворениот конкурс за директор на Младински културен центар (МКЦ), дознава неофицијално „Република“.

Неговото име се спомнуваше по смената на власта во државата, но деновиве повторно е актуелно и се погласно се слуша дека тој ќе биде новото партиско решение за директор на МКЦ.

Во моментов в.д. директор на МКЦ е Русе Арсов, кој во во март годинава беше начзначен на оваа функција. Арсов дојде на местото на Златко Стевковски, кој директорската функција во МКЦ ја вршеше осум години, во два мандати.

Арсов е истакнат продуцент и долгогодишен програмски директор на настаните кои ги организира МКЦ, како фестивалите „Млад отворен театар“, „Синедејс“, „Здраво млади“, „Земјотрес“ и голем број ликовни изложби.

Тој денеска на прес-конфренцијата на која се презентираше програмата на МКЦ за 2019 година изјави дека ќе се пријави на отворениот конкурс за директор на МКЦ.

Дваесет години сум дел од оваа куќа и да, ќе се пријавам на конкурсот. Сакам да се продолжи она што се градело со години, изјави Арсов, кој како вработен последнивме 10 години е дел од тимот кој мошне успешно го организира Млад отворен театар (МОТ).

Шаќири е познат и како пејач на групата „Нон-стоп“ со која настапуваше на фестивали и одржуваше концерти. Шаќири во последно време соработува со Златко Ориѓански со кого имаа и заеднички концерт со Македонска филхармонија.

Нора Шаќири Марковиќ, сестра на Бени е вработена во министерството за култура. Таа беше дел од Шарената револуција и нејзин гласен поддржувач. Таа на социјалните мрежи јавно побара работа од тогашниот лидер на опозицијата и сегашен премиер, Заев. Таа од Заев побара да ја вработи, откако поранешниот новинар Мухамед Зекири се вработи во СДСМ, а потоа стана и пратеник од таа партија.

Инаку, директорот на МКЦ го именува Град Скопје.

loading...