Search
понеделник 17 јуни 2019
  • :
  • :

Рејтингот на СДСМ паѓа и оди кон минус заради втората предизборна измама

РЕЈТИНГ

Рејтингот на СДСМ паѓа и оди кон минус заради втората предизборна измама (2002 и 2016), дека со ,,бандити и криминалци,, НЕМА ДА КОАЛИЦИРА (зборови на ЗАЕВ!).

Граѓаните на Република Македонија не заборават дека во 2001 вкупниот број на жртви од страна на македонските безбедносни сили беше 72. Граѓаните Албанци никогаш нема да заборават дека Ахмети ги вовлече во конфликт во кој имаа околу 3000 мртви. Загинаа 15 припадници на полицијата, 150 беа повредени, загинаа 43 старешини и војници на АР, а 119 беа повредени. Загинаа 10 цивили, а 75 беа повредени, 20 граѓани беа измачувани од ОНА (Али Ахмети), за што подоцна тој и неговите најблиски соработници беа амнестирани! 20 беа киднапирани од ОНА по што трајно се исчезнати. Раселени се 170.000 луѓе од кои 74.000 внатрешно раселени.

СДСМ прво оваа банда ја симна од планина и ја поседна во Влада (Црвенковски). Во Влада со нив седна и Заев во 2017 година, ама мораше да ги моли! Претходно во предизборие и Црвенковски и Заев лажеа дека нема да коалицираат со ОНА (работниот назив им е ДУИ)!

После сé каков рејтинг на СДСМ очекува Заев, особено што за над 20 месеци власт со ОНА (ДУИ) сета концентрација им беше на крадење, непотизам, суредување тендери за своите домашни и лажни најави за подобар ЖИВОТ, кој само што не дошол!?

loading...