Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Ред се реди за работа во државни фирми: Деца, сестри, зетови на државни функционери први на листата

Ред се реди за работа во државни фирми: Деца, сестри, зетови на државни функционери први на листата

Деца, сестри, зетови, поблиски и подалечни роднини на државни функционери се први на листата и добиваат работа во државни фирми. Од јуни 2017 година досега, во М-НАВ се вработени над 30 лица. За дел од нив веќе исплива чии се, пишува „Независен“.

Вработувањето во М-НАВ, акционерско друштво во државна сопственост, кое се грижи за безбедно одвивање на воздушниот сообраќај, е престиж, бидејќи исплатува неколкукратно повисоки плати од македонскиот просек. Колкави се точно, од М-НАВ не одговараат.

Ама стравот очигледно не беше пречка зетот за сестра на актуелната министерка за правда Рената Десковска да биде избран за претседател на УО на М-НАВ. Од контролор, Николче Тасески стана прв човек во М-НАВ, пишува „Независен“.

Во М-НАВ се вработени и роднина на министерот за земјоделство, син на директорот на еден од социјалните фондови, сестрата на еден од вицепремиерите, внуците на директорот на телекомуникацискиот оператор кој е и висок претставник на ДУИ, синот на пратеничка од истата партија.

Во М-НАВ во изминатава година и половина беа вработени уште и Абедин Зимбери, поранешниот пратеник од Нова демократија и полицискиот генерал Стојанче Ангелов од Достоинство. М-НАВ лани, по 15 години, првпат распиша транспарентен оглас за школување, а потоа и вработување на контролори на летање.

Инаку, ќерката на независната пратеничка Емилија Александрова од неодамна е вработена во Фондот за иновации и технолошки развој. Министерот за економија Крешник Бектеши,пак, пред новинарите го бранеше вработувањето во МЕПСО на неговата сестра.

Во МЕПСО од неодамна е вработена и ќерката на Невзат Бејта, поранешниот градоначалник на Гостивар од ДУИ, а во државната компанија ЕЛЕМ се вработија ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери и синот на Мирослав Грчев.

Зетови, сестри, внуци на функционери во државни фирми

извор: Независен весник

loading...