Search
петок 10 април 2020
  • :
  • :

ПУЛМОЛОГ ОБЈАВИ ВАЖНА ПОРАКА ЗА КОРОНАВИРУС: КОГА ЌЕ ДОБИЕТЕ ТЕМПЕРАТУРА, НЕ ГО ПРАВЕТЕ ОВА

Македонија

Заболени
663
Мртви
30
Излечени
37
Активни
596
Last updated: 10/04/2020 - 07:19 (+02:00)

110 години на патиштата!

Од Тексас низ цела Америка, Холандија, Обединетото Кралство, Германија како и на Балканот, но и во многу други земји, а од оваа година присутни и во Македонија!

Gepostet von Gulf Oil Macedonia am Mittwoch, 11. Oktober 2017

Српскиот пулмолог д-р Срѓан Лукиќ на својот Фејсбук профил објави една многу важна информација, т.е. упатство за сите оние кои нема да можат да бидат хоспитализирани и ќе мора да се лекуваат дома.

Светот се бори против коронавирусот од крајот на декември минатата година и досега од овој вирус се заразени 153 864 луѓе, а од нив околу 6 000 луѓе завршија фатално.

Епидемијата започна во Кина каде состојбата сега се смирува, но се “пресели” во другите краеви од светот и прогласена е пандемија.

Новото жариште на коронавирусот е Европа, а најкритични се Италија и Шпанија. Според најновите податоци во Македонија се заразени 19 луѓе, но прецизната бројка на нетестираните носители на вирусот, не е позната.

Со оглед на тоа дека се очекува ширење на заразата, пулмологот Срѓан Лукиќ на својот фејсбук профил објави важна порака која треба сите да ја прочитаат! Ви ја пренесуваме во целост:

Властите си ја работат својата работа, епидемиолозите и микробиолозите својата, па и ние останатите полека се вклучуваме со свои совети.

Помал број заболени од Ковид-19 (официјалното име на болеста кое ја предизвикува вирусот SARS-CoV-2) ќе биде лекуван во болнички услови, додека повеќето ќе се лекуваат дома. Овој текст се однесува за нив.

Медиумите и јавноста се главно се занимаваат со потешките случаи, што е разбирливо (се грижат дали има доволно болнички капацитет, респиратори…), меѓутоа повеќето заболени ќе останат да се лекуваат во домашни услови. Покрај епидемиолошките мерки (карантин) важно е и самото лекување од инфекција.

Како и кај секоја вирусна инфекција и за лекување на Ковид 19 најважен е имуниот систем. Затоа е многу важно да се стави цела снага на располагање. Апсолутно мирување, а покрај тоа и адекватна исхрана. Диетите оставете ги за некое друго време и заборавете на “здрава исхрана”.

За да може организмот правилно да функционира потребна му е енергија, односно јагленихидрати на прво место, а потоа и масти. Не треба да се заборават ниту протеините, но важно е да не ја одбегнувате “храната која дебелее”, бидејќи таа ќе го одржува вашиот имун систем и целиот организам.

Потребно е и натаму да се внесуваат доста течности, бидејќи при инфекциите организмот многу лесно дехидрира. Чаеви, супи, чорби, сокови и слично. Но, не и алкхоло, бидејќи тој ја влошува дехидратацијата. Секако, хронично срцевите и бубрежните болни мораат исхраната да ја прилагодат според своите хронични болести.

Зголемената телесна температура е одбранбен механизам кој имуниот систем го користи за борба против вирусот. И затоа, грешка е да се симнува температурата ако е само малку зголемена, бидејќи на тој начин му помагате на вирусот.

Температурата треба да се симнува дури кога значително ќе се покачи (над 38,5*), бидејќи тогаш го загрозува функционирањето на организмот.

Што се однесува до лековите, засега нема докажани лекови кои помагаат кај Ковид 19. Некои лекови покажале “ин витро” (вон организмот) ефикасност против SARS-CoV-2, но тоа не значи дека ќе делува “ин виво”. Ако добиете антибиотик од лекар, тоа е поради превенција на бактериската ауперинфекција.

Што се однесува до разноразните суплементи, витамини и слично, сето тоа, најверојатно го внесувате во доволни количини преку храната, та така, разните имуно комплекси нема многу да помогнат (освен ако од некоја причина немате дефицит од некој елемент), но нема ни да одмогнат (освен помалку пари во паричникот).

Важно е да ја следите својата состојба, ако е можно во телефонски контакт со лекарот. Критични знаци и симптоми се појава на отежнато и забрзано дишење, пар на артерискиот притисок, вртоглавици, заматен вид, несвестици, конфузија, појава на цијаноза (модра кожа и слузокожа).

Во случај на појава на овие знаци и симптоми потребно е веднаш да се јавите во најблиската болница, бидејќи сигурно ќе биде потребна терапија со кислород која не може да се спроведе во домашни услови.

Ова не значи дека сигурно ќе завршите на респиратор, но значи крај за домашното лекување.

И на крај уште би го додал и следното: Чадот од цигарите (и друг) гледајте целосно да го одбегнувате. Тој ги оштетува клетките на епителот на дишните патишта и алвеолите и така им помага на вирусите.

loading...