Search
понеделник 17 јуни 2019
  • :
  • :

Првопласирана екипата на НКБ и Pound for Pound team на Скопје Open 2018 во Бразилска Џиуџицу

На меѓународниот турнир во „Скопје опен 2018“ Нинџуцу клубот Битола и Поунд фор Поунд теам Македонија имаа тотална доминација во бразилско џиу џицу – не ваза. Паунд фор паунд го освои првото место, а вкупно освои 19 медали – 11 златни, 3 сребрени и 5 бронзени, односно имаше 27 победи и 11 порази.
 Остварувања на турнирот:

1.Паунд фор паунд теам Битола

2.ММА Центар Тирана Албанија

3.Карлос Маја Скопје

-Бели појаси отворена категорија победи Борче Талевски

-Сини појаси отворена категорија победи Филип Божиновски кој е прогласен за најдобар БЏЏ борец на турнирот во не ваза

„Следна дестинација за борби на нашиот тим е Нинберг, Германија, на Баварскиот куп за бразилска џиу џицу на 17 ноември. Најголем успех е тоа што на овој турнир најмногу победи имавме во сениорска конкуренција. Наскоро стартуваме со нашата детска група, па ќе може да се надеваме на уште повеќе настапи и во поголем број. На овој турнир настапивме со 3 деца, 1 кадет, 3 јуниори и дури 9 борци во адулт категорија над 18 години“, истакнува тренерот Сашко Мирчевски.

По одржувањето на турнирот еве што напиша на фејсбук тренерот на битилскиот клуб

Sashko Mircevski сподели објава —  се чувствува среќно.

Горд на моите ЛАВОВИ кои настапија одлично на денешниот меѓународен турнир за Бразилска Џиуџицу или Ne Waza.Сите се бореа храбро,разумно со голема желба и мотив и прикажаа одлични борби со најразлична игра од subbmisions armbar, tranglechoke, RNC…како и одличен timing, контрола во партер , добра физичка подготвеност , супер технички движења и транзиции , снајдителност и решителност.
Ги добивме и двете апсолутни категории, борец на турнирот во BJJ како и најзначајното прво тимско место за нашиот P4P team Macedonia.
Продолжуваме напред.

 

loading...