Search
сабота 23 февруари 2019
  • :
  • :
loading...

Првиот евтин руски супермаркет во Германија затворен по пет дена бидејќи сè се продаде

loading...

TORGSERVIS, првиот руски ланец маркет на западноевропскиот пазар, ги затвори вратите на својот маркет Mere во Лајпциг по само пет дена работа. Како што велат, маркетот ќе биде затворен два дена. Причината? Сè се продаде.

TORGSERVIS минатата недела го отвори својот прв маркет во Лајпциг. Нивниот главен адут се ниските цени – пониски и од оние во најголемите германски дисконти како Lidl и Aldi.

Пола кило месо поевтино од едно евро

Пола килограм мелено месо во Mere чини само 99 центи, што е нешто повеќе од 60 денари.

„Почитувани купувачи, поради огромната побарувачка, нашиот маркет е затворен на два дена. Реагиравме многу брзо, но моравме да заклучиме дека и на нашите добавувачи им е потребно време да ги наполнат нашите полици. Со најниски цени за вас повторно ќе бидеме отворени за два дена”, стои во пораката која ги дочека купувачите на влазните врати на маркетот во Лајпциг.

loading...