Search
понеделник 26 август 2019
  • :
  • :

Проф. Прелиќ: Се чувствувам како глупача, Катица ми го изеде џигерот

Оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева предизвика огромно разочарување пред се кај луѓето што искрено се бореа против власта на Груевски со цел промени и подобрување на состојбите во земјата.

Една од нив е професорката на Природно – Математичкиот факултет Дана Прелиќ која прашува како можела Јанева ова да им го приреди на неа и на сите борци за правда.

“Со жалење констатирам дека се чувствувам како првокласна глупача бидејќи се надевав дека нешто ќе се смени во државава😎

Секој што ќе стапне на било каква функција има една единствена цел – како да украде големи пари!

Катица Јанева ми го изеде џигерот. Како можеше ова да ни го приреди?! На самиот почеток и’ простив за ужасниот стајлинг и извонредно сиромашниот вокабулар. Си велев – нека тера жената правда, другото не е важно.

Гној! Тоа е😢”, пишува Прелиќ која се плаши дека со враќање на “вмровштината” ќе се нема милост и ќе се апси немилосрдно.

 

loading...