Search
петок 20 септември 2019
  • :
  • :

Пресечен Јазик


Веќе подолго време го изучувам скелетот и анатомијата на Јазикот на јазиците, на основота за постоење и поимање.Јас тебе не те избрав, но ти мене.И ден-денес ги гледам живите икони на македонизмот како се претопуваат како треска за злато во убави и декоративни прстења на рацете на модерните џедаи-политичарите…
Малата големина со која ти ме исполни за навек е Премин од Мит во Суштина, егзистенција…
Кога тебе ќе те земат, ќе знам дека Војната е конечно изгубена.А шансите се големи…
Ти си Гордиев јазол на цела една група јазици, со тебе започнува сакралното, мистериозното, длабокото а до нас е дали ќе решиме да учиме или да попуштиме!
До кога Умот ќе робува заробен на приоритетите, на прозноглавците, на полноглавците, на политичарите…
Магијата на зборот е Дума наспроти лагата и Фејкот кој ни го сервира робовладетелот а ние само голтање кнедли и здраво си молчиме, небаре има главна награда за сервилност!?
Ме мачи мисла, неодговорено прашање:
Уште ли говориме Македонски?
П.С. А, ако Не, да напишам на друг , можеби ќе се разбереме и ние, а и поентата на солзите кои извираат од него!?

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

loading...