Search
среда 17 јули 2019
  • :
  • :

ПРЕМИЕРУ НАШ ВРЕМЕ Е!!

’’Во земјата на омразата најмногу го мразат оној кој не знае да мрази.’’

Во мојата земја семето на омразата се засади пред 13 години па неминовно беше да се појават и плодовите. И покрај видливата пријатна релаксираност на меѓуетнички план која се чувствува насекаде, (највпечатливо во стара чаршија) сепак отровните плодовите се тука. Сакале или не сите ги вкусуваме одвреме навреме а горчината од нив сеуште трае особено од ноќта на победата на Вардар. Што ќе направеше некој друг претходен премиер ако така вулгарно го нападнеа? Јавноста не ќе дознаеше ама јас знам дека уште истата вечер семејствата на тие ќе ги посетеа ’’специјалци’’ а за таквата ’’фина’’посета тие никогаш немаше да прозборат ниту збор. Премиерот Заев на навредите им одговори со послан ќилим со рози.. Многу човечки, многу доблесно ама.. Мултиетничката Македонска држава е трн во окото на Москва! Сега кога сме на чекор пред портите на НАТО непосредно пред истите тие порти е послан ќилимот од трње и метални шилци исткаен во Москва. Од нас зависи дали по него ќе поминеме боси или ќе си обуеме војнички цокули.  Тука нема ни трошка место за наивност! Отруениот медимуски простор за жал ние не го детоксифицирафме. Тој простор таков каков што е ги голта и нашите најдобри луѓе и време е да си го признаеме тоа. Во спротивно само како приказна ќе си спомнуваме дека: Си беше еднаш еден министер во владата на Заев кој не потроши ниту денар од државната сметка, замина чист и со 0 корупција.. Aма велам замина. Министерот за култура Асаф Адеми замина. До кога ќе дозволиме доблесни луѓе да ни одат? Зарем до толку ни се суфицит чесните кои владеат со одговорност.? Ќе жртвуваме ли уште министри за култура или економија или други креативни  луѓе на кои ’’маана’’ им е праведноста? Или ќе го деконтаминираме тој медиумски простор во кој царуваат лажните вести или тој ќе не отруе нас! Премиеру наш време е за колективна правда!Премиеру наш не можеме понатаму со ваква национална МТВ,  не можеме понатаму со инфицирани инсталации во клучните министерства и ресори да градиме нов систем на вредности. Премиеру наш не смееме боси по распосланот анти НАТО ќилим, инаку не само што ќе ни крварат стопалата туку и срцата..

———————————————————————————————————————

(Реобјава од 2017-та. ) ’’НОВИ 1 815 000,00  ФЕРАРИ ВО МАКЕДОНИЈА?!’’

Кога бев дете, дома имав две мачиња по боја жолто-шарени и скоро исти но по нарав сосема различни. Деца како деца игравме со нив цело маало и експериментиравме дали навистина мачките знаат секогаш да паднат на нозе. Така и беше кога ќе ги фрлевме држејки за нозете но со грбот надоле  (од наша детска висина) тие веднаш ќе паднеа на нозе. Ние се смеевме мачињата уживаа со нас арно ама љубопитноста не тераше да го пробаме тоа од поголема висина качувајки се на скалите а после и на терасата. Тогаш едното маче падна од доста високо пак на нозе но малку се повреди другото веднаш свати дека му се спрема лошо и проба да избега ама доста не изгреба. На третиот пат мирното маче (кое премногу сакаше да ни удоволи) го фрливме и си ги скрши нозете а лошото повторно не изгреба и избега. Од тогаш ни остана само едно маче а ние веќе никогаш не се осмеливме да го фрлиме од тераса..  Никогаш!

До пред неколку месеци имавме заробена држава и еднодецениска власт која се колнеше во демократија а спроведуваше тиранократија и лошо маче наспроти мноштво раце кои не се осмелуваа да го допрат.

Зборот демократија составен од demos – што значи народ – и kratos – што значи власт, етимолошки значи владеење на народот. Секоја власт досега на ваков или онаков начин на демосот му одземаше од кратосот. Додека демосот спиеше зимски сон, кратосот му ги скрати сите можни права и слободи и едниствено му преостануваше да го гледа розовиот сон претставен на режимските ТВ и преостанатата медиумска мафија. Ах да тука беа и турските серии со кои делумно се забораваше на маката.. Изгледаше шашаво ама функционираше 11 години а се кладам дека ќе функционираше барем уште долго долго ако не се појавеа бомбите.

Од пред неколку месеци имаме обратна ситуација кратосот (власта) на демосот  (народот) не само што ништо не му скрати туку и му придаде, ососбено од слободата на говорот и изразување. Тоа не само што е убаво туку и правилно за тоа се боревме по улиците.. Арно ама има едно големо АМА!

Сега на човек кој имал фиќо во раце му давате ферари? Луѓе кои не смееле гласно да го изговорат името на шефот во негативна конотација сега добиваат ’’Ајфон 8’’ да зборуваат со кого сакат, мегафон да викаат на сиот глас кога сакаат и ’’ново бесно ферари’’!? И со нив може да прават што сакаат..

Такви нови бесни ферари, фигуративно добија 1 815 000,00 граѓани на Македонија! Способни ли се токму сите овие 1 815 000,00 избирачи да управуват со такви бесни коли за кои се бара посебна управувачка вештина??

Навикнати на тоа важните работи да се кријат од нас (начинот на носење на законот за јазици 2008), навикнати како државна тајна да се чуваат колку тоа потрошиле министрите и под какви услови влегле странските инвеститори (колку истите биле ставени во надредена ситуација над домашните бизниси) навикнати на шепотење ако се има поинакво мислење..

И ШОК! Одеднаш доаѓа премиер кој сам го крати буџетот на својот кабинет, влада која јавно ги објавува трошковниците на своите министри, премиер кој се соочува со решавање на најгорливите проблеми и името и јазикот и сите останати мал милион проблеми кои како цех ги оставиле претходните влади.

А ’’ние’’ неосвестени од шокот одма ги извадивме мегафоните па секој кој стигне од универзитетски професор (кој ги преспал последните 10 год) до учител кој до вчера бил само бројка за да пополни седиште во автобус за митинг, зборуваме ли зборуваме.. Фактот што затекнавме руинирана држава како никој да не го интересира битно имаме мегафони со нас и ’’брзи ферари’’ под нас па јуришаме сите и тие што знаеме и тие што не знаеме да шофираме.

До пред неколку месеци голем дел од преплашената администрација во страв го чекаше својот ’’крај’’ (особено оние со дипломи од средно кои држеа место за ВСС) потоа почнаа да разбираат, мачето пред нив е мирното маче кое не гребе. И почнаа да го фрлаат ’’за сега’’ од мала височина..

Кога ќе ви дадат да водите руинирана држава понекогаш може да ги испомешате приоритетите но затоа реформи во медиумите секогаш се добра опција во спротивно ќе имаме какафонија во која и најдобрите политики и мерки ќе останат на ниво на дневна доза на обична информација.

ИТНИ и неопходни реформи во медиумите за да не се случува пак лошото да биде добро и обратно. Неопходни се добри амортизери на нозете за да не си ги испокршите кога лошите дечки ќе сакаат да ве фрлат од вискоко.

А бесните нови ферари? Со нив само малкумина знаат да се носат. Затоа ферари се дава откако ќе се поминат одредени фази на шофирање а до тогаш чекор по чекор или година по година се гради искуството на шоферот низ возење на различни возила за постепено да го припремите за скапопоцениот волан на ферари.

Скапоцените работи не се даваат во раце на неспремните да ги восприемаат  зашто може да ги уништат а тогаш одговорноста за тоа не е само нивна туку и ваша на вас кои тоа сте им  го дале.

Во спротивно отворена е можноста да се убијат самите, да ја испокршат колата да згазат низа недолжни минувачи или да ве убијат вас..

Мојата визија со колумната од 2017 за жал се оствари..                                                                    

Нашиот премиер тоа што го зборува јавно го зборува и на телефон. Ништо скришум ништо неправедно и задкулисно. Колкумина од нас живеат така да бидат тоа што се и кога се сами и кога се пред светот и кога никој не ги гледа? Да бидеме чесни и да си одговориме? Руските играчи се покажаа добри бидејќи им тргна од рака да ’’уловат’’ многу големи риби од светската политика и тоа на свој одреден начин е симпатично, тоа е таа втора страна на медалот што значи слава.

Премиеру наш, дома многу добри играчи сеуште ни седат на резервна клупа а знаеме и дека знаат, можат и дека имаат и срце и храброст на олтарот на правната држава да се положат себе си.. Како никогаш до сега време е да се обединиме и уште поцврсто да им пркосиме на неповолните ветришта и сосема да им го промениме деструктивниот курс. Пред нас е голема задача а залог ни е РС Македонија, мораме да ја видиме силна и стабилна и единствена со граѓани кои се повеќе се почитуваат и разбираат. Сега треба да ја добиеме и нај-специјалната рунда, мораме да дбиеме објективна медиумска правда но и квалитетни пи-ар/и. Во спротивно чуму ни се добрите политики и корисни мерки и сите активно посветени, безброј, работни денови и ноќи и за време на делници и за празници.

Премиеру наш, време е!

Македонка Коцева

loading...